Пејачот Шабан Шаулиќ почина во февруари во тешка сообраќајна во Германија, а неговата смрт ги погоди неговите најблиски, посебно сопругата Гордана, синот Михајло и ќерките Санела и Илда.
Имено, ќерката на пејачот Шабан Шаулиќ, Илда Шаулиќ која пред 10 години тргна по стапките на пејачот односно почна да се занимава со муизка многу тешко ја поднесе смртта на Шабан.
Таа не се појавуваше во јавност се до пред некое време кога се појави на еден настан, но видно нерасположена и тажна.
Меѓутоа, Шаулиќ полека се враќа на секојдневните обврски.
Сношти пејачката заедно со својата кума Дајана Пауновиќ излегла во град, а она што многумина забележаа дека таа повторно е насмеана.