Радио Милева
нов бизнис

Илда Шаулиќ микрофонот го замени со тениски рекет: Пејачката има нов бизнис во Америка, а еве колку заработува

Илда Шаулиќ микрофонот го замени со тениски рекет: Пејачката има нов бизнис во Америка, а еве колку заработува

Пејачката Илда Шаулиќ беше успешна во тенисот пред да влезе во светот на музиката, а бидејќи настапите и понатаму се ретки поради короната, пејачката е свесна дека мора да најде друг вид на приход, па се вратила на својата „стара“ љубов.

Имено, како што пишуваат српските медиуми, Илда отворила училиште за тенис во Америка.

„Илда заедно со нејзината ќерка се преселија во Америка. Тоа многу му значи на нејзиниот сопруг кој работи таму, а сега и таа си има свој бизнис“, вели извор за „Скандал“ и додава:

„Малку е познато дека Илда како дете тренираше тенис и дека беше многу талентирана. Шабан тогаш не се штедеше па и плаќаше тренери во Србија и Европа надевајќи се дека ќе биде успешна тенисерка, но сите знаеме дека се сврте кон пеењето. Секако, таа не може да наплати како професионални тренери, но може солидно да заработи, дури до 100 долари од час. Ако земеме во предвид  дека на секоја тетренинг сесија има по 20 деца, тогаш сигурно одлично заработува“- тврди изворот.

фото: Инстаграм принтскрин

 

Останати вести од Радио Милева