Шпанскиот голман Икер Касиљас на својот Твитер профил призна дека е хомосексуалец! Легендарниот голман на Шпанија и Реал Мадрид објави кратка порака.
„Се надевам дека ќе ме почитувате: јас сум геј“, е пораката која за кратко време ја обиколи целата планета.
Откако го шокираше светот со признавањето дека е геј, Икер Касиљас ја симна објавата за еден час.
Веста за признанието на голманот ја пренесоа водечките светски медиуми, а шпански „Ас“ понуди можно објаснување за целата ситуација.
Имено, споменатиот извор наведува дека поранешниот чувар на мрежата е бесен на шпанските медиуми бидејќи неговото име често се поврзува со разни жени, а сламката што и го скршила грбот на камилата биле врските со актерката Алехандра Ониева.
Претходно, во релативно краток период, поранешниот голман беше поврзуван со пејачката Шакира, манекенката Мелиса Пинто и модната дизајнерка Росио.
Познато е дека Касиљас бил во јавни односи со неколку жени, а бил во брак и со новинарката Сара Карбонеро. Љубовната врска на Икер и Сара започна со сега познатиот бакнеж пред камерите додека Карбонеро го интервјуираше Касиљас по освојувањето на Светското првенство во 2010 година.
фото:Guliver/Getty Images