Откако до медиумите стигна приказната дека Петар Грашо ја оставил својата долгогодишна партнерка Данијела Мартиновиќ поради 14 години помладата Хана Хуљиќ, сите нетрпливо сакаа да откријат во каква врска има музичкиот пар по раскинувањето.
Секакви работи можеа да се прочитаат во изминатава година на таа тема, меѓу другото, дека раскинувањето се случило затоа што Петар по две и пол децении врска не сакал деца со Данијела, уште помалку да застанат на лудиот камен, додека своевремено дури се коментираше како разделбата не ја иницирал тој туку пејачката од само нејзе познати причини.
Низ Балканот многу се расправаше на темата за врската меѓу поранешните љубовници, но имаше и такви кои сакаа да знаат каква врска имаат денес Хана Хуљиќ и Данијела Мартиновиќ, поранешни пријатели и соработнички.
View this post on Instagram
Сегашната сопруга на Петар Грашо го запознала поранешната партнерка на музичарот кога имала само три години. Блиската средба во далечната 1993 година ја посредуваше таткото на Хана, композиторот Тончи Хуљиќ, фронтмен на групата Магазин, чијшто Данијела некогаш беше водечка солистка.
Тие денови Хана Хуљиќ и Данијела Мартиновиќ се појавија заедно во спотот за песната „Дошло време“, благодарение на што изградија прекрасна врска и, наводно, подоцна, кога Хана малку порасна, почнаа да се дружат.
Иронијата е што Хана со години со целото нејзино семејство го посетувала домот на Данијела и Петар во Загреб и никогаш за сето тоа време немало индикации дека ќе се случи сегашниот развој на настаните. Некои би рекле дека тоа е предавство, некои дека љубовта не познава правила, додека повеќето сепак би се согласиле дека животот пишува романи.
фото:Инстаграм/Јутјуб принтскрин