Игор Којиќ одлучи цврсто да застане до својата сопруга Северина откако минатиот месец целиот Балкан гледаше во нејзините голи фотографии на интернет.
Игор на Инстаграм порача дека би требало да се моли за мозокот на Милан Поповиќ, а во неколку наврати објави фотографии со малиот Александар иако Милан остро се противи на тоа.
Сега одлучи да продолжи со тоа, а на својот профил кој е отворен за јавноста ојави фотографија на која позира со Северина и нејзиниот син.
Во описот напиша дека тие се неговиот свет, а следеа илјадници лајкови и коментари.
-Среќата се гледа во вашите очи и лица… Не дозволувајте ниеден трач или било која човечка рака да ви ја растури среќата, напиша Игор.