Македонскиот шоумен Игор Џамбазов ужива во емотивната врскавнеговата сакана Илина Арсова.
Парот неодамна ја славеше првата годишнина од почетокот на нивната врска, а денот кога се заедно, до ден денес се неразделни.
„ Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: “А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?” Излеговме од “Ланусот” и…ја гушнав. Гушката се уште трае…,“, напиша Џамбазов по повод нивната годишнина.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/igor-i-ilina-ja-slavat-prvata-godishnina-ja-gushnav-i-taa-gushka-se-ushte-trae/
Двојката е активна на социјалните мрежи, па често знаат да споделат заеднички фотографии, заеднички моменти, да покажат како го поминуваат времето, да ја покажат љубовта еден кон друг, да си посветат емотивна порака….
Така беше и на една од последните објави кај Џамбазов, кој сподели заедничко селфи со неговата сакана, а во описот напиша:
“Љубовта е насмевка што се познава од авион…“, напиша тој до објавата.
Фотографијата за краток период достигна повеќе од 5 000 лајкови, а следбениците ги опсипаа со позитивни коментари:
„Шубај сте“, „Прекрасни сте“, „Колку прекрасни души сте вие“…. се само некои од коментарите.