Радио Милева љубов

Игор и Илина ја слават првата годишнина: „Ја гушнав и таа гушка се уште трае“

Игор и Илина ја слават првата годишнина: „Ја гушнав и таа гушка се уште трае“

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов и алпинистката Илина Арсова секојдневно уживаат во својата љубов и заеднички моменти.

Откако ја започнаа врска тие секој момент го поминуваат заедно и буквално се наразделни.

Неодамна, Игор во интервју за „Еден на еден“, зборуваше за својата сакана, а како што истакна во 2020та година и покрај целата ситуација со коронавирусот него му се случило нешто многу убаво односно љубов.

Игор и Илина првпат заедно пред камери зборуваа за нивната љубов: „Оваа година ми го донесе најубавото нешто што можеше да ми се случи“ (видео) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Парот не ја крие својата среќа, па често на социјалните мрежи знаат да споделат заеднички фотографии.

фото: принтскрин/инстаграм/игор џамбазов

Тој понекогаш „нежен како девојче“, таа на моменти силна „машкоданка“… Плус и минус, грнче и капаче и… колку и да изгледа спојот – неспоив, очигледно теоријата дека „спротивностите се привлекуваат“ и тоа како важи… А во нивниот случај и функционира! И тоа цела година.

Имено, Илина и Игор ја прославија својата прва годишнина. По тој повод, Игор на својот Инстаграм сподели заедничка фотографија, а во описот напиша емотивна порака.

„ Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: “А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?” Излеговме од “Ланусот” и…ја гушнав. Гушката се уште трае…,“, напиша Џамбазов.

фото: принтскрин/инстаграм/игор џамбазов

Објавата за краток период доби повеќе од 11 000 лајкови а нивните пријатели, следбеници ги опсипаа со позитивни коментари и честитки.

To top