Радио Милева македонската азбука... по ново

Игор Џамбазов вака им го честиташе Денот на Македонскиот јазик на сите, а најмногу на политичарите: Од А до Ш и малку понатака… по ново! (ВИДЕО)

Игор Џамбазов вака им го честиташе Денот на Македонскиот јазик на сите, а најмногу на политичарите: Од А до Ш и малку понатака… по ново! (ВИДЕО)

Вчера, 5-ти мај беше Денот на македонскиот јазик. АСНОМ, на своето Прво заседание на 2 август 1944 година, донесува решение за воведувањето на македонскиот како службен јазик. Со објавувањето на македонската азбука на 5 мај и со усвојувањето на македонскиот правопис на 7 јуни 1945 година од Народната влада на Федерална Македонија, се случува кодификација на современиот македонски литературен јазик.

Македонија го одбележа својот празник, па бројни видни личности упатија честитки по тој повод. Директно од  Стар Дојран, каде „со врски“ е дислоциран во изолација за време на корона пандемијата, македонскиот актер, водител, пејач, пистал, шоумен… и се’ друго што го бива да биде, Игор Џамбазов, исто така упати честитки по повод празникот. На сите, вклучувајќи се и себе си, ама најмногу на политичарите.

До душа со скриена порака, ама кој знае да чита „меѓу редови“ – ќе ја разбере. Иако многумина се посмневаа дека малкумина од нив ја разбрале, уште помалку ги допрела, ама сепак… Не допира нас, зашто ние на крајот секогаш ја плаќаме цената од цехот што тие ќе го направат.

Така, Џамбаз по честитката, прво набрзина вербално ја изрецитира македонската азбука… Од А до Ш, а, Бога ми и малку понатака… по ново!

Погледнете и слушнете како звучи македонската азбука… и по старо и по ново, според Игор Џамбазов:

To top