Радио Милева Слика и прилика на денешниве... а милиони вредна

Игор Џамбазов сподели стара слика во ново руво: Вака би изгледала Мона Лиза да постоеше селфи во нејзино време (ВИДЕО)

Игор Џамбазов сподели стара слика во ново руво: Вака би изгледала Мона Лиза да постоеше селфи во нејзино време (ВИДЕО)

Откако беше лоциран во Бардовци, ама јавноста констатираше дека Игор Џамбазов не е таму од здравствени, туку од уметнички причини, сите со нетрпение ја очекуваа неговата нова песна снимана во студиото „Тра ла ла“ кај Мите Димовски во елитната скопска населба Бардовци.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/igor-dzambazov-zavrshi-vo-baradovci-foto/

Арно ама, ни од „Племето, ни од семето“… засега ниту трага ни глас, а уште помалку звук или видео. Џамбазов за да не ги држи во недоумица своите обожаватели, сепак се јави. Не, не се појави, ама се јави со сајбер реплика на една интерсна стара слика… Не е од „Преспав“ – од Лувр, е! Можеби не е најстара, ама е една од највредните, ако не и најскапоцената на светот.

Само што Џамбазов веројатно листајќи ги и природните и особено силиконските убавици по Фејсбук и Инстаграм, сфатил дека секоја од нив прави селфи во истата поза – со напучени, усни.

Поза во која ги истакнуваат набузените усните за да им изгледаат поголеми, а всушност изгледаат… Кому како! Зависи кој каква имагинација има!

А чичо Миле, пардон батко Игор има и тоа каква имагинација… Затоа инспириран од „силиконските филер убавици“ покажа како би изгледала сликата на Мона Лиза да постоеле мобилни и селфи во нејзино време.

Слика и прилика на денешниве, а милиони вредна! Слика или фотографија – позата е таа!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

А кога сме веќе кај фотографиите, додека ја чекаме да се појави „И племето и семето“, еве и ние да ве потсетиме на една стара „фотографија“ на Џамбазов… Само оваа слика не е масло на платно, туку е музичка… „Фотографија“!

 

 

 

To top