Откако заврши третата сезона на популарната македонска хумористична серија „Преспав“, гледачите останаа со прашалници дали ќе има продолжение од омиленото раководство на пансионот „Преспав“. И одговорот на радост на бројниот ТВ аудиториум е – ќе има!
Упатени извори велат дека подготовките за почеток на снимањето се наголемо во тек, а самото тоа го потврди и популарниот Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил кој ја најави четвртата сезона на овој гледан ТВ серијал.
Арно ама, како никогаш не е ништо исто како и претходниот пат, така и сега, на Игорче нешто не му штима. Носталгичен по веројатно „незаборавната дружба“ при последното снимање, уште оддамна Џамбазов се изјасни дека му фали… И тоа како му фали и недостасува расната газдарица на пансионот, Преслава.
Или поточно, бугарската актерка Јана Маринова која ја играше нејзината улога во третотот продолжение.
“Страхотната” Преславче пак, и понатаму покажува дека е „дива и шастлива“. Разголени фотографии на Јана мома, само по долна облека…
Или раскомотена само по пењуар, седната на работ од двоседот како со стапалото на босaта нога „милува“ млад маж во пределот на меѓуножјето, осамнаа на социјалните мрежи.
Но, тоа е „Изборот на Марта“… Или поточно, само дел од сцените на театарската претстава во која игра актерката, која со својот театар ќе гостува во Лондон!
Што значи дека колку и да му недостасува на Миле – најстариот од Бузалевци, Преславче нема да ја има во следното продолжение на „Преспав“. Ама затоа Џамбаз веднаш и најде замена… Наместо Преславче, Моничето…
Да, да, славната Моника Белучи на бате Миле ќе му дојде на гости… И тоа во спалната соба. А Џамбазов, изненаден… сам од себе! Поточно, од сонот што го сонил!
А човек сам како што ќе си се изненади, никој не може да го изненади! Исто како она – со своја рака… Што ќе си се почеша, туѓа – тешко да го стори тоа така добро!