Игор Џамбазов и Илина Арсова, во љубов како од бајките, од соништата, од приказните… Иако секоја љубовна идила не е токму „онаа вистинската“ и не завршува баш како во приказните: …„И така среќно си живееја до крајот на животот“…! Впрочем и големиот, нему омилен Балашевиќ пееше: „Сите вистински љубови се тажни“… Секако, тоа воопшто не мора да значи и да биде така!
Бројни примери го покажуваат токму спротивното, па оттаму и дилемата кај многумина „казанови и донжуани“ кога ќе ја најдат „вистинската“, дали многуте пред неа биле само предигра, пред да се појави таа или и таа е една од многуте?
Игор Џамбазов очигледно ја нема таа дилема. Не дека сегашнава му е прва, туку дека веројатно за прв пат ја чувствува како „последна“… „Таа е таа“ и ниту една друга. Ни пред неа, ни скраја да е, по неа!
Од швалерска страна, можеби не спаѓал во „тарзани“ и не е бил кој знае колко добар швалер како Маленко, иако далеку од тоа „дека е бил зајче“, па за некои негови љубови се слушаше надалеку, од Скопје до Галичник и Јанче.
Но, од сите бивши од Скопје, преку Виница и Каменица до Дојран и Струмица, по се’ изгледа најмногу при срце му легна оваа сегашнава мома што се качува по карпи и ја освојува секоја планина, а се вика Илина!
Затоа и споделил еден пост на својот Инстаграм во кој прави разлика помеѓу „имање многу жени“ и „многу имање“, една жена!
„Страшно ме нервира кога некој ќе рече дека ИМАЛ многу жени. Јас под ИМАЊЕ подразбирам целосна предаденост, целосна конекција и нешто трајно, бесконечно. А така може да се ИМА само една жена“ – споделил Џамбазов на својот Инстаграм.
Оние, неискусните фраери и помладите девојчиња веднаш ќе речат: „Леле, колку романтично… Браво“! Додека „старите мачори“ и „дамите со минат труд“ и во тоа романтично ќе најдат нешто симптоматично, па ќе се подзамислат, сомничаво анализирајќи го постот во дилема и недоумица:
Дали тоа шоуменот целосно искрено „се отвори“ или само сака на сегашнава, „отворено и јавно“, дополнително да и се додвори?
Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov