Игор Џамбазов од ден на ден се повеќе покажува дека е вљубен до гуша… Не, туку до уши! Нема ден, на одреден, себесвојствен и секако оригинален начин да не ја искаже љубовта кон својата сакана Илина. И кога се заедно, а речиси се нараздвојни, и кога е насамо!
Особено е инспириран по се изгледа кога е ова второво во прашање… Тогаш мислите и идеите сами му надоаѓаат, а стиховите извираат како вода од планинска карпа, која од една капка, потоа станува непресушна река!
Така Џамбазов, откако убаво почувствува колку „љубовта е добра работа“, додека онака си го потпевнуваше новото хитче „ Love is so good…“, му дојде идеја уште еднаш како да и покаже на својата драга, колку ја сака, делејќи и комплимент… Напишан на парче картон со фломастер во вид на порака во прашална форма:
„Злато, знаеш ли што е најубаво во тебе?“ – прашува Игор, ставајќи ја саканата во недоумица и дилема. И додека таа тргна да го бара одговорот во себе, Џамбазов не чекаше за да и ја одгатне загатката, пред таа да му падне во прегратка или можеби да го „заплеска“ со првото што ќе и дојде до рака? Зошто?
Одговорот го има самиот Игор… Само и тој како и прашањето создава недоумица: Дали Џамбазов покажа дека дека знае да љуби со „машка, шовинистичка“ или со еротска порака испишана на картон?
Зашто на прашањето: „Злато, знаеш ли што е најубаво во тебе?“, одговорот: „Јас“ – може да се сфати и вака и онака… Како се земе! Од кој агол и аспект гледаш на она …Најубаво ВО тебе? Духовен или телесен? Естетски или еротски?
Конечно, не е ни важно… Важен е спојот… Еден ВО друг! Кому колку му е убаво, од убаво поубаво или најубаво – белким самите си чувствуваат!?
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov