Радио Милева „арамиско гнездо“

Игор Џамбазов на Инстаграм „го поздрави“ со закана „Игор Џамбазов“ на ТикТок: „Имаш 24 часа да престанеш да бидеш јас, тоа никогаш не можеш да бидеш…“

Игор Џамбазов на Инстаграм „го поздрави“ со закана „Игор Џамбазов“ на ТикТок: „Имаш 24 часа да престанеш да бидеш јас, тоа никогаш не можеш да бидеш…“

Дефинитивно живееме во време на арамии. Краде кој стигне, кај ќе стигне, колку може и се’ што може! Крадат политичарите на ангро, тоа оддамна ни е јасно, крадат тие околу нив од трошките што останале, крадат по супермаркети, ама не крадат и трговците, крадат бензиски пумпи, ама не крадат и на гориво, крадат банки, ама и оние од банките со ненормална лихва и измислени провизии… За ситни арамаии по автобуси, куќи и станови и да не зборуваме… Едноставно се краде на секој чекор, се’ и сешто, а ако мислиш дека нема што да ти украдат  – си згрешил! Има и кога нема!

Така на најпознатиот македонски актер, ТВ водител, шоумен, блузер… Игор Џамбазов на пример му го украдоа идентитетот! И тоа на една од најпопуларните социјални мрежи во моментов – ТикТок!

Едноставно оној Игор Џамбазов од ТикТок, не е овој Игор Џамбазов што го познаваме. Не е вистинскиот, туку само некој што му го „дрпнал“ идентитетот и на конто на неговиото име, слава, популарност, минат труд, прави циркузи… А можеби и парички, лажно претставувајќи се!

Бидејќи на „лагата и се куси нозете“, а во меѓувреме може да и биде  и „длабок џебот“, вистинскиот, „риал“ Џамбазов реши да преземе акција, па на  Инстаграм „го поздрави“ со закана лажниот  „Игор Џамбазов“ од ТикТок, дека наскоро „ќе му го испразни џебот“, доколку не престане да биде ТОЈ, за што се претставува, а НЕ е!

Џамбазов – вистинскиот преку својот Инстаграм на Џамбазов – лажниот, му порача:

„Ти, што се претставуваш во мое име, објавуваш во мое име, комуницираш во мое име, тебе ти се обраќам. Ако си некое размазено детиште, набргу ќе ти ја земам играчката, а татко ти ќе плати казна. Ако си полнолетен глупак, пак ќе ти ја земам играчката, ама сам ќе си ја платиш казната.
Кој и да си, имаш 24 часа да престанеш да бидеш јас.
Тоа никогаш не можеш да бидеш…
П.С. Уше тик-ток ми фали…“ – му напишал Игор, па споделил јавно сите да знаат и видат со кого имаат работа на ТикТок!

Дали оваа „закана“ кај оној Игор од „ТикТок“ предизвика шок или само слатко го изнасмеа и уште повеќе го мотивира за нови „мајмунлоци“ од неговото ТикТок „арамиско гнездо“, ќе каже наскоро билтенот на МВР!?

Фото: Инстаграм принтскрин/pansionprespav/igordzambazov

 

To top