Радио Милева обикновен вљубеник

Игор Џамбазов му „возврати љубов“ на „с’штио народ“: „Пет нешта които обичам от Македонија“ (ВИДЕО)

Игор Џамбазов му „возврати љубов“ на „с’штио народ“: „Пет нешта които обичам от Македонија“ (ВИДЕО)

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во првото интервју за еден македонски медиум (ТВ Сител) отворено, јавно, јасно и гласно, децидно не се изјасни што признава, а што не признава кога е Македонија во прашање, ама затоа што обича сите видовме и слушнавме уште во неговиот автомобил.

Како одговор на преработката на „Бела Чао“ во „Корона чао“, што ја направија Александар Митевски и Драган Спасов – Дац, а „која то многу му се харесва и ја обича блгарскио премијер“ Бојко Борисов, Игор Џамбазовво услога на маскиран „анонимус“ ( ај погодете кој), се осврна на пет нешта „които обичам от Македонија“!

Џамбазов е познат по тоа што има „нерасчистени сметки“ со Бугарите уште од времето кога гостуваше во ток шоуто на нивната водителска и музичка ѕвезда, Славеј Слави Трифунов, каде овој се обиде да го испровоцира нашиот Џамбаз.

Можеби затоа сега, новата шега Игор реши ја сподели на својот Инстаграм. Погледнете како изгледа и звучи, „когато источниот сосед много те обича“:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

To top