Радио Милева

Игор Џамбазов му ја „дувна“ од Скопје, а многумина посакаа да се на негово место (фото)

Игор Џамбазов му  ја „дувна“ од Скопје, а многумина посакаа да се на негово место (фото)

Природа,сонце, зеленило, мирис на јоргован, а згора на тоа и поглед кон езеро, ех… Кој не би посакал сега во ова време невреме да го чувствува и гледа тоа!

Но, некои имаат среќа, особено оние со живеалишта на места до вода или планина. Игор Џамбазов голем дел од своето време освен во Скопје, го минува и во Дојран.

До пред неколку дена во станот во Скопје имаше проблем со мравки, потоа се реши од нив, а сега е конечно во своето како што вели тој „домче“, а се наоѓа на дојранската адреса.

фото:игор џамбазов/инстаграм

Оттаму објави фотографија од која покажа дека целосно е препуштен на хедонизмот, а короната може само да го инспирира за некоја нова песна.

фото:игор џамбазов/инстаграм

Езеро, двор, и поглед да не трепнеш, згора на тоа и мирис на јоргован. Коментарите за фотографијата се нижеа, а многумина посакаа да се на негово или на слично место.

To top