Македонскиот шоумен Игор Џамбазов е тек со новото време на технологијата, па така како и повеќето познати и тој има профил на социјалните мрежи.
Игор е активен на својот „Инстаграм“ каде што речиси секојдневно споделува по нешто.
Така, оние кои го следат може да ги прочитаат неговите мудри мисли поврзани за животот, приватни фотографии со неговата сакана Илина, но и фотографии од архива со кои се потсетува на некои дамнешни времиња.
View this post on Instagram
Игор на социјалните мрежи знае некогаш да сподели и ретро објави, фотографија од себе како дете, од неговите родители…
View this post on Instagram
Неодамна на своите следбеници им покажа како изгледал на матура пред 39 години.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/foto-spomen-od-pred-39-godini-koga-igor-dzambazov-beshe-maturant-ej-ti-mladost-moja-kukjo-nedokukjena-foto/
Меѓутоа, најнова објава на неговиот Инстаграм е последната заедничка фотографија со неговите родители, неговиот татко, композиторот и диригент Александар Џамбазов и неговата мајка, бардот на нашето глумиште – Анче Џамбазова, неговите баба и дедо, неговата сестра Татјана Џамбазова, а фотографијата е направена пред 27 години.
„Последната заедничка фотографија…1993…тато, мама, баба и дедо 5-ре…“, напиша Игор покрај објавата.
Фотографијата за краток период достигна повеќе од 4 000 лајкови, а под истата се најдоа коментарите од Калиопи, Тамара Тодевска, Весна Петрушевска….
Инаку, Игор неколкупати досега има изјавено дека љубовта на неговите родители била голема, трпелива и раскошна