Кон крајот на минатата година, Игор Џамбазов ги израдува своите бројни обожаватели со тоа што отвори свој профил на популарната социјална мрежа Инстаграм, па повеќето сега може да ѕирнат на неговиот профил и да дознаат како му минува секојдневието.
За разлика од порано, кога социјалните мрежи не му беа силна страна, сега Игор е еден од поактивните членови кои не ретко објавуваат фотографии и видеа на својот профил.
Не требаше да помине многу време за Игор да има речиси 20 илјади следбеници кои секојдневно можат да видат и да прочитаат нешто од него, а некои дури му коментираат дека станал активен на Инстаграм како Ким Кардашијан.
View this post on Instagram
Имено, меѓу најновите објави Игор се пофали дека го сменил стариот имиџ кој долго време беше негов заштитен знак – брадата. Велат дека жените го менуваат изгледот кога имаат некаква промена во животот, а пак за мажите нема некое непишано правило околу ова, па веруваме дека се случува кога едноставно им се смачува од секојдневната слика во огледалото.
Како и да е, во случајов Игор најдобро си знае за себе, а откако седна на берберскиот стол, па го избричија до половина, се подразмисли дали да биде оригинал на оригиналот и да ја остави до пола.
Сепак, остана во рамките на стандардите и ја избричи брадата за да биде како нов, помлад и секако освежен.