Радио Милева Спомени од детството

Игор Џамбазов на шест години: Преслатко русокосо момче кое ќе ве потсети на седумдесеттите (фото)

Игор Џамбазов на шест години: Преслатко русокосо момче кое ќе ве потсети на седумдесеттите (фото)

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов важи за еден од ретките личности од Македонија кој уште од мали нозе и е познат на јавноста, а малкумина се сеќаваат на неговата улога во неговиот прв филм од седумдесеттите.

Имено, на социјалната мрежа Инстаграм, Игор репостираше видео од него на шестгодишна возраст, каде можеме да го видиме неговиот ран талент од старата видео снимка.

– Игор Џамбазов на 6 години во неговиот прв филм “Македонскиот дел од пеколот” (1971). Филмот е прогласен за најдобар филм во тогашна Југославија во 1971 година – стои  во описот кој сите ги потсети на едно друго далечно, а сепак за многумина, незаборавно време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by цитирано (@citirano.mk)

Ова видео на социјалната мрежа Инстаграм со малото русокосо детенце , привлече многу големо внимание, а коментарите не престанаа да се нижат, особено од генерациите кои растеле во тој период, а  сега им се чини како тоа да било вчера.

„Преслатко детенце“, „Голем талент“, „Ваков човек не се раѓа повеќе“, „Прекрасна изведба“, а некои се пошегуваа дека тогаш дури бил и подобар од она што е денес.

„Игор си е Игор – невиден талент, убавец (повеќе тогаш, отколку сега)…Се разбира се шегувам…“ – низ смеа му пишуваа воодушевените следбеници кои не останаа рамнодушни откако ја погледнаа снимката и се потсетија на  филмот од старите добри времиња.

А Игор им најави дека наскоро во „стори“ ќе има и линк за гледање на филмот „Македонскиот дел од пеколот“ во кој покрај Џамбазов во улогите се појавуваат, Коле Ангеловски, Петре Прличков, Петар Арсовски, Дарко Дамески…

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Игор Џамбазов

To top