Вечерва, вторник 4 јули 2023 година во пивницата „Beer Garden“ во скопско Дебар мало ќе се одржи промоцијата на новиот албум блуз на Игор Џамбазов и Гуру Харе. Самиот наслов „Првите триесет“ кажува дека се работи за компилација од најдобрите нивни блуз остварувања и воопшто се што заедно направиле во изминативе три децении колку што обајцата соработуваат.
Паралелно со музичката промоција Џамбазов ќе го промовира 20-ото издание на неговата книга „Гол човек“ и маичките со натпис со извадоци од стиховите од неговите песни.
Џамбазов и Гуру Харе како едни од ретките вечни борци против турбофолкот, шундот, кичот и плејбекот ве чекаат на промоција, а Игор и лично ве кани:
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov