Таа е една од ретките дами која пред да дојде во кралското семејство мошеше да работи речиси се. Имаше низа прекршувања на кралските правила, но сега наиде на забрана.
Со оглед на тоа дека до венчавката со принцот Хари остнаа два месеци, Меган води сметка за секој детаљ на венчавката.
Сакаше до олтарот да ја води нејзината мајка Дорија, но тука наиде на проблем. Никој од кралското семејство не е согласен со тоа женска личност да ја носи младата, што досега не беше така, а така и ќе остане.
Меган не е во добри односи со својот татко, па не сака тој да ја однесе до олтарот. Изгледа дека Меган на крајот до Хари ќе дојде со неговиот брат Вилијам.