Нашиот најдобар автомобилист, Игор Стафановски Иџе, по осум години се врати на истата патека во Австрија од каде на крајот од патеката заврши како победник од втората трка.
Иџе беше во трка со уште 260 автомобилисти од цела Европа од кои тој го зазеде место број еден. За возвудата, адреналиност и гордоста да се биде победник по којзнае кој пат, Иџе напиша:
-Втора трка – 1 место и нов рекорд во група три иако со најдобро време во втората трка и поставување на нов рекорд во група три, сепак за неполна секунда неуспеавме да се избориме за прво место по собирањето на времињата од двете трки, но покрај се задоволни од овој викенд, напиша Иџе.
Дополнително во прилог следеше и пречекот од љубителите на автомобилизмот, а видеото се најде на социјалните мрежи.
-Ова не се пренесува, ова се доживува, напиша тој.
View this post on Instagram
Борбата на четири тркала продолжува во Шпанија каде нашиот Иџе ќе се натпреварува на 6-ти и 7-ми мај.
фото: Инстафрам/ Фејсбук принтскрин