Радио Милева
Гордост

Иџе испиша нова историја: Трократен европски шампион!

Иџе испиша нова историја: Трократен европски шампион!

Македонскиот најдобар автомобилист, Игор Стефановски Иџе нема конкуренција. Иџе ја освои третата титула Европски шампион за ридски трки, по освоените титули во 2014-та и 2015-та година.

По многуте победи кои претходеа на шампионатот и бодовната предност, овој пат хрватскиот град Бузет беше местото со патеката од каде Иџе ја освоит третата шампионска титула.

Игор Стефановски – Иџе оваа густо набиена сезона, победи на седум од десет трки, па оттука очекувно беше тој уште еднаш да ја направи горда Македонија.

За оваа трка во Хрватска, тимот на Игор Стефановски организираше и автобус за фановите, па околу 50 Македонци минаа преку 1.000 километри за да му дадат поддршка на автомобилистот на патот кон нов трофеј.

Изминатиот период за Иџе се пишуваше доста, наслови за победна имаше многу, но оваа за крај од шамионатот е на врвот исто како Иџе и трофејот кој е наш- Македонски.

фото:Фејсбујк/Игор Стефановки- Иџе

Останати вести од Радио Милева