Иако сексот за многумина е табу тема, овие познати личности зборуваа за тоа без никакво двоумење. Многумина спиеле со повеќе од 2.000 луѓе, некои заштитени, додека други не. Имало абортуси, но немало жалење …
Она што се случува во спалната соба обично останува таму, но тоа не е случај за избрана група познати личности. Џенифер Кулиџ (60), Чарли Шин (55), Мараја Кери (53), Хју Хефнер и многу други зборуваа за нивните романси и сексуален живот.
Улогата на Џенифер Кулиџ во „Американска пита“ не само што ѝ донесе армија обожаватели, туку имаше и многу придобивки за нејзиниот сексуален живот. Во филмот, Џенифер играше мајка на Стифлер која неславно имала секс со еден од школските другари на нејзиниот син, а за возврат добила многу „акции“ надвор од екранот. Актерката проценува дека по завршувањето на филмот спиела со 200 мажи.
– Имав многу акција во „Американска пита“. Имаше толку многу придобивки од снимањето на тој филм. Мислам дека имаше приближно 200 луѓе со кои инаку никогаш не би спиела – изјави Џенифер за „Вараџети“.
Чарли Шин уште во 2000 година откри дека спиел со сите, вклучувајќи ги и порно ѕвездите и обичните девојки од соседството. Размислувајќи за тоа со колку жени бил, Чарли проценил дека тие се илјадници припаднички на понежниот пол.
– Ако сакате да претпоставам , ќе кажам 5.000 – наводно рекол тогаш актерот.
Мараја Кери имала многу романси во текот на нејзината кариера, но вели дека спиела само со неколку.
– Во животот сум била само со пет луѓе, па искрено сум малку пребирлива во споредба со повеќето други на „теренот“ – изјави пејачката за „Космополитен“.
Основачот на Плејбој, Хју Хефнер, пред смртта изјавил дека не е сосема сигурен со колку жени спиел, но претпоставувал дека се работи за неколку илјади припаднички на понежниот пол.
– Како би можел да знам? Над илјада, сигурен сум. Бев во брак дел од мојот живот, тогаш не изневерував. Надополнив кога не бев во брак – открил за „Esquire“.
На врвот на својата слава, Џин Симонс (72) вели дека спиел со илјадници жени и има доказ за тоа. Тој објасни како низ годините се фотографирал со речиси сите негови партнери. Повеќето од тие фотографии ги запалил пред да се ожени со сопругата Шенон Твид.
– Не се дрогирав во лудите времиња, но имав секс. Дали сум спиел со 4800 жени? Така ми кажаа. Ги имав на фотографиите за да го докажам тоа, о да – изјави музичарот за „The Sun“.
Во мемоарите на Ејми Шумер „Девојката со тетоважа на долниот дел на грбот“, таа откри дека во текот на животот спиела со 28 луѓе, иако не се сеќава на сè за секоја личност.
– До денес спиев со дваесет и осум луѓе. Не можам да се сетам на сите имиња, но се сеќавам на прекарите што им ги дадов – напишала комичарката, шегувајќи се дека некои од нив ги нарекла „Third Ball“ и „Pit Bull Guy“.
Поранешната кошаркарска ѕвезда Денис Родман (61) еднаш во интервју за „StarTribune“ процени дека во текот на кариерата бил со повеќе од 2.000 жени.
Ламар Одом (42) во своите мемоари „Од темнина до светлина“ рече дека во текот на својот живот спиел со повеќе од 2.000 жени, од кои многу биле за „една ноќ“ и вклучувале „премногу стриптизерки за да можат да се избројат“. Тој додаде дека наутро често остава 2.000 долари на ноќното масиче.
– Имав секс со повеќе од две илјади жени. Врските беа главно незаштитени, платив за многу абортуси низ годините. Тоа е легално, но воопшто не се гордеам со тоа. Зависен сум од секс – напиша кошаркарот.
Фото:Принтскрин/Профимедиа