Радио Милева шоуто мора да продолжи

Иако сите мислеа дека конечно е готово: Жељко Митровиќ ја најави „Задруга 6“ (ФОТО)

Иако сите мислеа дека конечно е готово: Жељко Митровиќ ја најави „Задруга 6“ (ФОТО)

Првиот човек и сопственик на „ТВ Пинк“, Жељко Митровиќ  потврди дека најгледаното ријалити сепак ќе има ново продолжение иако сите мислеа дека со завршувањето на „Задруга 5“, конечно е готово. „Задруга 6“  не чека многу наскоро – најави Митровиќ:

„Апсолутно ќе има 6-то продолжение! Дури мислам дека ќе почне малку порано, можеби на 3-ти септември, тоа е сабота. Тоа е добар термин. Кастингот ќе биде спектакуларен, ќе дадеме се од себе, гледачите ќе бидат презадоволни“ – рече Жељко Митровиќ на забавата на крајот на „Задруга 5“.

„Ќе бидеме креативни, мислам дека ќе направам уличка овде со министерства… Министерство за љубов, мисли, се ќе има“ – додаде тој во вклучувањето во програмата  на „ТВ Пинк“.

Петтата сезона на ова реално шоу заврши, а победник беше Дејан Драгојевиќ.

Фото: Пинк принтскрин

 

To top