Радио Милева не пепрутки, туку бебе во стомакот...

Иако се’ уште официјално не обзнанила, српските медиуми дознаа: Маја Беровиќ е бремена?

Иако се’ уште официјално не обзнанила, српските медиуми дознаа: Маја Беровиќ е бремена?

Според српските медиуми, популарната пејачка Маја Беровиќ е бремена.

Извор близок до пејачката вели дека Маја наводно е само на почетокот на бременоста, а веста ги направи многу среќни неа и нејзиниот сопруг Ален Драгосав, со кого таа е во брак половина деценија.

Маја се чувствува добро, па се’ уште одржува настапи по клубови низ целиот регион, но не е познато кога ќе престане да настапува.
Засега, таа наводно им ја соопштила убавата вест само на своите најблиски, арно ама… некој имал „брз јазик“ и информацијата дошла и до новинарите.

 

Претходно, Маја во јавноста изјави дека има голема желба да се исполни во улога на мајка, а како што тогаш рекла, поради кариерата, го чекала вистинскиот момент за тоа.

„Има време за бебе! Се’ уште не сум подготвен за тоа, мојата кариера е на прво место. На некој начин, јас привремено го жртвував потомството заради мојата кариера, ако така може да се каже. Иако, реално, не ни почувствував дека е време за бебе. Кога ќе проработи мојот мајчински инстинкт, ќе работам на бебето“ – изјави таа за медиумите во 2019 година.

„Жените раѓаат во четириесеттите години, така што никогаш не е доцна. Но, во догледна иднина ќе се случи и тоа проширување на семејството. Едно, две, три, пет деца“ – рече тогаш пејачката, и колку што можеме да видиме, нејзините планови полека се остваруват, па  Маја не и летаат пеперутки, туку и лежи бебе во стомакот.

Фото: Инстаграм принтскрин/maja_berovic_fp_love

To top