Хрватската поп дива Јелена Розга на доделувањето на регионалните музички МАЦ награди вчеравечер, 29 јануари 2019 во Штарк арената во Белград со солзи во очите ја изведе својата тукушто излезена балада „Мојата пролет“.
Очигледно, разнежнета и обземена од силни емоции како и на видото, Розга со солзи во очите ја изведе новата песна, додека нејзиното бившо момче, Стјепан Хаусер од дуото „Ту челос“ седеше и го следеше нејзиниот настап вод публиката.
Подоцна, кога Хаусер настапуваше, таа исто така го проследи неговиот настап коментирајќи го заедно со својот колега Петар Грашо.
Инаку, очевидци велат дека Розга и Хаусер кога претходно се сретнале во бекстејџот воопшто не се ни поздравиле.
За потсетување, по повеќе од две години љубовна врска, тие во 2017 година ја раскинаа својата романса… Очигледно, на не баш пријателски начин!