Радио Милева крвни врски

Иако оддамна не се заедно, Татјана Стојановска и Благоја Грујовски и по разводот останаа пријатели, но и горди родители (ФОТО)

Иако оддамна не се заедно, Татјана Стојановска и Благоја Грујовски и по разводот останаа пријатели, но и горди родители (ФОТО)

ТВ презентерката Татјана Стојановска ретко обајвува фотографии од својот приватен живот. Деновиве таа постираше заедничка фотографија со својот син Матеј, кој има 21 година и е студент.

„Мојата гордост. Мојот син“ – напишала Татјана,  гордеејќи се со својот единец, дете од некогашниот заеднички брак со  фолк пејачот Благоја Грујовски.

И покрај разводот пред повеќе од една деценија, тие останаа во добри односи, комуникација и пријателски расположени еден кон друг… И заради воспитанието и нивото на култура кои и самите го поседуваат, но и заради воспитанието и грижата кон нивното зедничко дете, синот Матеј, кој како што може да се види на фотографијата израсна во прекрасно момче.

Блиските велат дека ТВ презентерката не само што е горда мајка, туку е и многу приврзана кон својот единец, а тој кон неа се однесува мошне заштитнички.

Татјана подолго време живее со својот нов партнер Михаил, но таа како и нејзиниот син Матеј никогаш не ја прекина или доведе во прашање комуникацијата со Благоја Грујовски, кој пак е по втор пат оженет и од вториот брак има син.

Матеј исто така е близок со својот биолошки татко, но и со со неговиот полубрат, детето на пејачот од неговиот втор брак. Иако имаат само заеднички татко, тие се како вистински браќа.

Се дружат, си играат, забавуваат… што е најмногу заслуга на нивните родители.

Зашто, ако бракот не оди, а љубовта полека исчезнува, крвните врски не исчезнуваат никогаш. Не попусто рекле: Крвта не е вода, па затоа крвните врски и релации не можат да испарат! Примерот на децата на бившите брачни сопружници, македонски јавни личности ТВ презентерката Татјана Стојановска и фолк пејачот Благоја Грујовски е најдобар показател за тоа!

 

 

To top