По напорната сезона, преполна со ангажмани и речиси секојдневни настапи до раните утрински часови по скопските и македонските меани и ноќни клубови, но и оние надвор од Македонија, фолкерката Марија Луиса Тодоровска реши да одмара!
Впрочем, лето е, жештините пеколни, па има ли поубаво местоза полнење на батериите, оддишка на душата и телото, темнеење на тенот, разладување и воопшто уживање по сите основи од престој на море.
Изборот на пејачката падна на Егејот, кај нашиот јужен сосед, но не и на вообичаените места како Халкидики, Паралилија, Платамона, Неа Пори, Лептокарија… туку Марија се качи на тарект и фати сосема друга траекторија. Токму во правец на грчките острови, но повторно не оние на кои најчесто летуваат Балканците, како: Тасос, Скијатос, Миконос… Туку на еден од најпознатите и тоа по две основи, по грчката митологија од која подоцна произлегол и називот на жените кои ги љубат оние од сопствениот пол и најпознатиот грчки алкохолен пијалак – узото!
Кој знае историја и географија, погодува дека марија Луиса летува на Лезбос! Познатиот остров по првата жена на грчката античка поезија, која напишала лирска поезија позната по својата интензивна страст и опис на љубовта… Особено кон сопствениот пол и хомоеротизмот.
Но Лезбос е познат и по најпознатиот грчки алкохолен пијалак – узото. Особено местото во кое пејачката решила да одмора – Пломари, чиј назив го носи и етикетата на најпознатиот бренд на пијалак кој совршено „лизга“ со салата и грчко мезе.
Растоварена од обврските Марија Луиса ужива на летното сонце, онака опуштена и испружена на лежалка со освежителен пијалак в рака.
А кога жештината ќе го достигне максимумот, а сонцето својот зенит, пејачката оди на разладување.
Водата кристално чиста, топла – „бања“, арно ама… И покрај тоа Марија да ти била некако зимурлива… Влезе во морето до препони, па се пожали дека и студи… Иако морето е „бања“, на пејачката и смрзна… снагата! Веројатно оти не и беше уште навлажнета!?
Затоа следниот пат Марија Луиса реши да примени поинаква тактика кога влегува во вода… Чекор – два назаечки и фрлање во вода сосе сончевите очила, кои и не мора да ги вади. А и не се секира деке ќе ги изгуби, зашто што и да прави, колку и да се обидува да се нурне, фолкерката никако не може да потоне. Што е своевиден проблем кога ќе посака да нурка, ама и голема предност, зашто пејачката како и да плива во водата, што и да прави, никако не може да се удави!
Впрочем, бујната силконска предница на битолската убавица во случајов не е само заради убавина, туку и е корисна, зашто постојано ја држи над површина… Та пливала во плиткото или во длабокото, силиконските гради за Марија Луиса Тодоровска се жива згода… Доволна гаранција дека на пејачката не и треба спасител на вода!
Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska