Радио Милева
за неа лето е

И за Хелена Роза нема зима, ужива на топла клима: Некогашната водителка заедно со семејството на плажа (фото)

И за Хелена Роза нема зима, ужива на топла клима: Некогашната водителка заедно со семејството на плажа (фото)

Во Македонија владее зима и ниски температури, па јакните, капите, шаловите, капутите, зимските обувки овој период се наша секојдневна комбинација.

Многу од нашите познати личности уживаа во снегот и зимските лудори, некои заминаа и во зимски ски центри за да уживаат во убавините на снежната покрива.

Меѓутоа, не е зима и за нашинците кои живеат подалеку од Македонија, туку за нив е лето и уживаат на потопла клима.

Некогашната македонска водителка, Хелена Роза веќе неколку години живее на Нов Зеланд. Таа иако е далеку од дома, секогаш кога има можност и прилика доаѓа во родната земја.

Преку социјалните мрежи често ги известува следбенциите за нејзините активности, како го поминува времето.

Така, овој пат таа објави фотографија од плажа и покажа како уживаат во летото на Нов Зеланд.

Хелена ужива во семејната хармонија и топло време.

фото: принтскрин/инстаграм/хелена роза/наташа бошковски

Останати вести од Радио Милева