Бред Пит по веста за разводот со Анџелина Џоли се нема појавено на насловна страница на некој магазин.
Меѓутоа, сега со најновите фотографии понежниот пол може слободно да ги „исплакни очите“.
Пит се фотографираше во неколку различни амбинти – на мотор, во џип, базен, додека игра тенис и тоа во модерни изданија покажувајќи дека речиси не се променил од својата младост.
Фотографиите предизвикаа хаос на социјалните мрежи, а неговите фанови не престанаа да ги коментираат.
„Кога ќе престанам да се возбудувам на него“?, се само некои од коментарите.
„Се работи за тоа што стануваш проклето стар. За тоа дека си свесен за времето, дека имаш повеќе искуство, добро и лошо. Твои сопствени победи и порази. Со кој поминуваш време, како го поминуваш времето – тоа ми стана многу значајно“ изјави Бред.
Тој ги прокоментира како поминав низ сите фази на животот и дека неодамна ја сфатил тежината која ја барал.
„Поминав низ се. Пораснав како христијанин. Пробав и некои духовни работи, но едноставно не се чувствував добро. Потоа одлучив да бидам атеист, сакав да бидам бунтовник, но тоа не бев јас. Потоа се си дојде на свое место и сфатив дека се враќам на она што верувам. Едностано верувам дека сите ние сме поврзани“ вели актерот.