Поранешната „Сапјсица“ и сопругата на Дејвид Бекам, Викторија, неодамна одлучи да отвори свој канал на Јутјуб и да стане инфлуенсерка.
Нејзината идеја беше да се претстави во „вистинското светло“ и да го покаже својот свет на мода и шминка пред гледачите, сепак, но овој потег доживеа голем неуспех.
Имено, според американските медиуми, Викторија инвестирала милиони долари во луксузна продукција, ентериери, опрема и содржина, но успеала да заработи минимално, односно нешто повеќе од 20 долари на ден од рекламирање и „субскрајбери“.
Каналот имал околу 109.000 претплатници, а сега таа решила да го затвори каналот, бидејќи бил целосно непрофитабилен.
Извор близок на sвездата потврди дека од нејзиниот канал на Јутјуб е невозможно да се заработи и дека трошоците за производство не се покриени со приходите на каналот.
Многумина беа шокирани од информациите дека големата светска sвезда не успеа да заработи пари на овој начин, а на многумина дури и непознати, тоа им успеа!