Во својот живот Есма Реџепова имаше многу луѓе до себе, оние кои таа ги сакаше и такви кои ја сакаа.
Една од нејзините најблиски соработнички и пријателки беше и Зорана Костовска, жената која постојано беше до Есма, па дури и во последните моменти од нејзиниот живот.
Имено, Зорана открива дека не ни насетувала дека последната посета во болницата ќе им биде за крај.
Бев покрај неа во болничката соба до два навечер. Лекарите имаа разбирање. Пиевме кафе и гледавме спотови. Имаше желба да живее. Држејќи ме за рака ми ја кажа нејзината последна желба. „Закопајте ме во дворот на куќата. Кога ќе доаѓаат да го видат, ќе ми запалат свеќа. Кој ќе оди на гробишта да го прави тоа.“ И ветив дека така ќе биде и ја излажав. Не мислев дека по неколку дена засекогаш ќе нѐ напушти. Тоа никогаш нема да си го простам, открива Зорана за порталот „Женски магазин“
Есма почина во месец декември 2016 година, а околу нејзиниот тестамент и авторските музички права се уште има перипетии и несогласувања.