Радио Милева подготвена за Новогодишните празници

И Татјана Лазаревска се пофали со новогодишната елка во својот дом во Австралија

И Татјана Лазаревска се пофали со новогодишната елка во својот дом во Австралија

Остануваат нешто помалку од 30 дена да ја испратитме оваа година која  цел свет ќе ја памети по  коронавирусот и до почетокот на Новата година.

Оваа година на плоштадите нема да има прослави, естрадните уметници веќе се на продолжена пауза од март месец, а повеќето Новата година ќе ја дочекаат во домашен амбиент со најблиските и со препораките за заштита од корона.

Македонските јавни личности веќе ја отворија сезоната на китање и украсување елки, па некои од нив на социјалните мрежи се пофали со новогодишното дрво или некои украсни детали.

По Елена Стефановска, Бубе Јаневска, Сара и Диме, Симона Поповска, на ред дојде и македонската пејачка со адреса на живеење во Австралија, Татјана Лазаревска.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ja-otvorija-praznichnata-sezona-bube-janevska-i-elena-stefanovska-go-pokazaa-novogodishniot-ambient-vo-domot-foto/

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elka-do-plafon-vaka-izgleda-novogodishniot-ambient-vo-domot-na-dimitar-atanasovski-i-sara-mejs-foto/

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/pejachkata-simona-popovska-se-pofali-so-novogodishnata-magija-vo-svojot-dom-foto/

Имено, познато е дека Татјана заедно со нејзиното семејство повеќе години живеат во Мелбурн.

Претходната година тие си купија и сопствена куќа, а фолк пејачката сега на социјалните мрежи се пофали како изгледа новогодишниот амбиент во нивниот сопствен дом.

Имено, фолк пејачката позираше покрај елката на која преовладуваа лампионите во црвена, златна и сина боја, а на врвот има и ѕвезда.

фото: фејсбук

Веруваме дека семејството Лазаревски е подготвено весело да ја дочека 2021 година.

To top