Во домовите на познатите личности веќе владее новогодишна еуфорија и тие веќе се подготвуваат за најлудата ноќ.
Дедо Мраз, новогодишни елки, лампиони и други новогодишни додатоци се дел од домовите на познатите кои го симболизираат новогодишниот амбиент.
Во претходните вести на вистина.мк имавте прилика да погледнете како некои познати ги уредиле своите домови во пресрет на Нова година.
Македонската дива Каролина Гочева пред камерите не зборува за својот приватен живот и не сака да открива многу детали од истиот.
Имено, претходната година таа стапи во брак со македонскиот сликар Михаил Корубин. Пред објективот на камерата таа добро го крие својот приватен живот.
На социјалните мрежи најчесто објавува фотографии кои се однесуваат на нејзината кариера, па Карол се уште не го покажа новогодишниот амбиент во својата семејна идила.
Меѓутоа, нејзината сверква, мајката на Михаил, Лиле Корубин не се штедаше да се пофали како ја накитила елката.
Лиле на својот „Инстаграм“ објави фотографија и ја покажа новогодишната елка.
Верувам дека и во домот на Гочева владее новогодишна треска, а и дека 2019 ќе и донесе на пејачката многу успеси на приватен, но и на професионален план.