Пејачката Снежана Ѓуришиќ прележела коронавирус, па откри како се чувствува и дали има антитела.
„Добро сум, благодарам на прашањето, прележав корона, сега се чувствувам добро и имам антитела“, изјави пејачката.
Ѓуришиќ проговори и за тоа како пандемијата со короната влијаела врз неа и нејзината околина.
„Ние сме народ кој таквите лоши ситуации лесно ги сфаќаме, лесно ќе помине со тоа, но ова доста не потресе, се гледа крајот. Се надевам дека ќе продолжи да се намалува бројот на заболени и на починати, па да се вратиме во некоја нормала“, изјави пејачката.
Таа откри како го поминала карантинот кој траеше претходната година.
„Јас живеев како и другите луѓе, онака како што се препорачуваше во таа ситуација….Бев дома, а она што ми е најважно е тоа што сите од мојата околина, пријатели, семејството, сите кои беа заразени, убаво оздравија“, изјави пејачката во емисијата „Премиера викенд специјал“.