Фолк пејачката Александра Пријовиќ проговори за проблемот со килограмите што го имала по породувањето, но и за љубовта кон алкохолот. Како што истакнала, за време на бременоста се здебелила повеќе од 23 килограми.
„Многу пати во животот бев на диета, но откако се породив морав да сум пет, шест пати, ако не и повеќе… Имав многу силна волја, се породив млада и имав 23 килограми повеќе по породувањето. После три-четири месеци тежев помалку од пред породувањето“ – рече Александра и додаде:
„Кога ја достигнав посакуваната тежина, наместо да вечерам, пиев пиво. Додека бев бремена не бев толку внимателна и во последните три месеци од бременоста многу се здебелив, бидејќи цело време имав киселини и јадев тесто, мислев дека така ќе ми биде полесно. Кога почнав да размислувам за тоа колку брзо треба да се вратам на работа, се поколебав, бидејќи како млада мајка и жена, мислам дека треба да се погрижам да изгледам добро“ – раскажува Прија и додава:
„Сега да не испадне дека сум алкохоличар. Сакам да пијам и ракија и вино, сакам се… Ама многу умерено. Никогаш не сум си дозволила да пијам премногу, туку да пијам мало шише пиво или две. Многу е грдо да се види жена мртва пијана, никогаш не си дозволив да го доживеам тоа. Сакам да пијам пиво со Филип и со другарките“ – резимира Александра.
Фото: Инстаграм принтскрин/aleksandraprijovic