Апелациониот суд во Белград го укина решението за тужбата против Зоран Марјановиќ кој е обвинет за убиството на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ.
Судот му нареди на Високиот суд повторно да одлучува, а тоа значи дека не е укината тужбата против Марјановиќ, туку решението кое беше потврдено од страна на Судот.
Со прифаќање на жалбата, Апелациониот суд во Белград го отфрли решението за тужбата од 3 август и предметот го испрати на првостепниот суд за повторно одлучување.
Марјановиќ е обвинет за убиството на сопругата Јелена на 2 април 2016 година и се гони за кривчно дело за тешко убиство.
Во јуни, во Апелациониот суд му беше укинат притвор во кој беше девет месеци.