Пејачката Цеца Ражнатовиќ откри дека родителите никогаш не и простиле што не се запишала и не завршила факултет.
„Бев одличен студент и планирав да студирам психологија, но животот ме однесе на другата страна“ – изјави Цеца.
Како што вели, не им бил доволен сиот нејзин успех.
„Верувале или не, целиот мој успех и кариера никогаш не им беа доволни на моите родители. Тие никогаш не ми простија што не го продолжив образованието и дипломирав и не завршив факултет“ – рекла таа.
Цеца, инаку, по потекло е од југот на србија, местото Житораѓе.
Нејзината мајка Мира била учителка, а нејзиниот татко Слободан бил економист, кој, како што повеќе пати кажала пејачката, и бил најголема поддршка во животот.
Фото: Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic