Пејачката Ксенија Пајчин трагично беше убиена на 16 март 2010 година. Поп Принцезата, како што ја нарекуваа, од љубомора ја уби нејзиното тогашно момче Филип Каписода со пиштол, во нејзиниот стан во Никшиќка 5 во Белград, а потоа и самиот си пресуди.
На осумгодишнината од нејзината смрт, на нејзиното вечно почивалиште најпрвин се појавиа двајца мажи кои, со солзи во очите, ја бакнаа нејзината надгробна слика и оставија цвеќиња. Еден од нив беше нејзиниот голем пријател Александар, кој секоја година го посетува гробот на Касенија…
…Додека другиот остави икебана со цвеќе и бела лента на која беше испишана емотивна порака што навистина кажува сè: „Никогаш нема да те заборавам“!
По нив, покрај нејзината мајка и членовите на семејството и останатите верни пријатели на Ксенија пристигнаа на гробот на пејачката…
…Некои од нив беа од јавниот живот, кои продолжуваат да го посетуваат местото на кое таа почива.
И по реакциите, секоја година, се чини дека им е се’ потешко.