Радио Милева
Веридба, мала забава...

И пејачот се сврши: Маријан Стојаноски ја побара раката на својата избраничка Наташа (ФОТО)

И пејачот се сврши: Маријан Стојаноски ја побара раката на својата избраничка Наташа (ФОТО)

Маријан Стојаноски ја побара раката на својата избраничка Наташа  Каранџуловска. Откако речиси целосно се повлече од естрадата, се пресели во Скопје и започна да работи како дел од хорот на операта во МОБ, пејачот како да исчезна и од јавноста. За него и неговите активности многу малку се слушаше, а за приватниот живот речиси воопшто. Него го знаеја само најблиските другари и пријатели околу него.

Во јавноста се „шушкаше“ само дека пејачот е во  неколкугодишна врска, дека има девојка која ја криеше како „змија нозете“. Наташа не е крушевчанка, живее во Скопје иако не е познато дали можеби има влашко потекло или влече крушевски корени.

Затоа и веста дека пејачот се свршил веднаш се прошири на социјалните мрежи, како и фотографиите на кои свршеникот е облечен во елегантно бордо палто и црни пантолани, а свршеничката пак покрај „бушавиот розов фустан“ ја покажа свршеничкатаа торта, букетот цвеќе и секако свршеничкиот прстен со кој беше побарана за сопруга од пејачот!

Маријан своевремено пееше: „Срце ќе ти украдам“ , па не и и го украде туку и го освои… Пееше и „Подарок“, а подарокот во вид на брачна понуда и веренички прстен стигна, веруваме на вистинската  љубовна адреса за која пееше заедно со колешката Андријана Јаневска во дует, во „Љубов ти е адреса“… Сега му останува само до крај да остане „Ненаситен“ по неа, неговата избраничка и животна сопатничка Наташа.

Инаку крушевчанецот Маријан Стојаноски се појави некако во исто време со Тоше Проески и не само што му беше сограѓанини школски другар, туку многумина стручњаци во тоа време на почетокот на нивните кариери сметаа дека Маријан дури има и и подобар глас, подлабок и помоќен, а е еднакво талентиран и квалитетен  вокал како и Тоше, па затоа и на обајцата им предвидуваа блескава кариера!

Редакцијата на Вистина.ком.мк на идните сопружници им посакува среќна веридба, наскоро среќен брак и многудетно семејство!

 

 

 

Останати вести од Радио Милева