Радио Милева доминација

И на прошетка Емили Ратајковски изгледа како да е на модна писта: Црвенокосата убавица со поводник во рака го освои интернетот

И на прошетка Емили Ратајковски изгледа како да е на модна писта: Црвенокосата убавица со поводник во рака го освои интернетот

Дури и додека го шета својот миленик, Емили Ратајковски изгледа како да оди да се фотографира за модно списание.

Црвенокосата убавица го прошета кучето во мал црн фустан кој ја гушкаше нејзината витка линија. Како вистинска манекенка чекореше самоуверено, како да знаеше дека зад секој агол чека некој возбуден папарацо.

Таа избра црни, кожени чизми на потпетица, кои се во висина на листовите. Овие чизми повторно станаа многу популарен модел и владеат со трендовите.

За да го направи аутфитот поинтересен, ставила ремен со поголема златна тока и го носи на колковите.

Ременот е одлично комбиниран со црната чанта на која има и златни детали.

Неуредната фризура како да вели „не се ни трудам“, што само кажува дека овој модел знае како да привлече внимание. Изгледот го комплетираше со црни наочари, а она што додава поени на овој изглед е прекрасното, црно куче.

Вистинската слика која ги освојува социјалните мрежи – Емили во мал црн фустан со големо црно куче.

To top