Радио Милева по Телеграм и на Инстаграм...

И Хелена Роза се најде во „Јавна соба“… само приватна: Разголени еротски фотографии на профил со нејзиното име (ФОТО 18+)

И Хелена Роза се најде во „Јавна соба“… само приватна: Разголени еротски фотографии на профил со нејзиното име (ФОТО 18+)

Поранешната македонска ТВ водителка Хелена Роза веќе неколку години заедно со своето семејство живее на Нов Зеланд.

Иако оддамна ја нема на ТВ екраните како водител, таа е активна на социјалните мрежи, каде знае да објави по некоја скокотлива фотографија, како онаа од неодамна, кога Хелена покажа како ужива на плажа среде јануари со истурени гради во гро план, во бикини секако.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/za-nea-nima-zima-helena-roza-gi-isturi-gradite-vo-prv-plan-na-plaza-vo-nov-zeland-foto/

Во меѓувреме социјалните мрежи експлодираа, откако на нив или поточно на Инстаграм профилот:  helenaroza.private  осамнаа разголени еротски фотографии … До душа подзаматени, но во позадина се гледа голо женско тело како лежи, прави селфи или ги соблекува гаќичките…

И додека едни со неверување се чудеа, други „забуљено“ се сладеа обидувајќи се „да го докажат“ идентитетот на личноста од голите фоотографии се огласи самата Хелена, која објасни дека и нејзе и се случило нешто слично, на она што кај нас беше познато како „Јавна соба“.

Некогашната водителка на приказните од својот вистински Инстаграм профил: helena.roza  сподели соопштение во кое појасни дека деновиве била мета на хакерски напад на несовесно лице, кое креирало лажен профил на Инстаграм со нејзиното име и разголени подзаматени фотки, а личноста од сликите е преставена како Хелена Роза.

Водителката брзо реагираше дури од Нов Зеланд и ги замоли блиските, пријателите и следбениците да го пријават лажниот профил со експлицитните фотографии.

Покрај веќе споменатата „Јавна соба“, ова  не е прв пат јавни македонски и балкански личности да бидат мета на сајбер криминал со еротска содржина и злоупотреба на туѓ идентитет… Впрочем такви страници постојат и на најпознатата социјална мрежа – Фејсбук, но за тоа како се викаат страниците, која се’ од познатите Македонки ги има таму и на какви фотографии… ќе читате деновиве во следниот напис на Вистина.ком.мк!

To top