Миа Костова, македонската ТВ водителка и позната инфлуенсерка доби лажна двојничка на Фејсбук. Имено, таа се пожали дека некој и го украл идентитетот на популарната социјална мрежа, па лажен профил со фотографии со нејзиниот лик, но со сосема друго име осамна неодамна.
На него ликот на нашата инфлуенсерка Миа, а името и презимето на извесна, Катарина Каќа Вукадиновиќ, ако таква воопшто и постои, од Горњи Милановац, Србија, со брачен стаус разведена?
Миа веднаш јавно повика да биде пријавен лажниот профил, на оној или онаа што се обидел(а) да и го украде идентитетот и тоа го обзнани на својот автентичен личен Фејсбук профил.
Коментарите, ама и мајтапот и шеговитеите и довитливи „јадачки“ и опаски, најмногу од нејзините пријатели вреднаш тргнаа. Најдуховит оној кој приказната ја врза со премиерот Зоран Заев.
„Горњи Милановац? Да не е бившата на Заев, бе?“ – прашаува пријателката на Миа.
Имено, како што се сеќавате, тој неодамна самиот во јавноста изјавуваше дека токму во Горњи Милановац ги заработил првите пари, ама во тој град и за прв пат се заљубил:
„Моето име потекнува од Србија, мојата младост е врзана за Србија, се што сме правеле, целиот наш семеен капитал е поврзан со Србија. Првата девојка ја имав во Горњи Милановац. Ја запознав едно лето додека продавав лубеници, пиперки, патлиџани и краставици во тоа место. Првиот екстра профит го заработив продавајќи прашок за алишта од Србија, а првите милиони кога во Србија ја продадов сувата пиперка…“ – раскажуваше Заев.
Откако крена врева, само неколку дена потоа, Миа објави дека нејзината „лажна двојничка“, го затворила фалсификуваниот Фејсбук профил.
„Да ве известам дека Кача ќе ја затвори ординацијата. Фала на сите!“ – обзнани Костова.
А кога сме веќе кај Миа и Заев, русокосата има уште нешто да ви каже. Поточно да ви пренесе, како го доживела гостувањето на Зоран Заев на една од националните телевизии, односно да го искоментира „бранењето на неодбранливото“ на еден познат „аналитичар“ и уште попознат „увлекувач“, знаете веќе каде, на премиерот, кога овој говореше за локалните избори помеѓу двата круга на гласање..
Имено, најпрвин коментарот на „аналитичарот“ за настапот на Заев на ТВ Сител, на кој ни самиот Заев не би му поверувал дека тоа што овој го кажува е вистина:
А потоа и забавно-зајадливата пародија на Миа Костова на неговиот коментар, во вид на мала компарација со нејзините случки од животот:
Па, кој бил „базично чесен“, а кој ќе остане „базично пока*ан“ после изборите, ќе кажат гласовите на граѓаните!
Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/miandrija