Времињата се такви какви што се – се’ потешки… Животот станува се’ поскап, трошоците се’ повисоки, стандардот се’ понизок, а можностите за зароботка речиси никакви. Особено ако живеете од уметност, поточно музика, а при тоа таа не е турбофолк… Веројатно затоа поедини музички артисти пристапуаат кон алтернативни извори на зарботка кои немаат баш многу врска со она што го раотат или можеби и имаат? Само што она што го нудат, не е за сечии очи… Или поточно, не е за сечиј џеб…!
Таков е случајот и со македонската раперка Дијана ОГ (Dijana OG) која отвори своја „ОnlyFans“ страница за возрасни.
За помалку упатените, „OnlyFans“ е страница за возрасни која најчесто ја користат модели и инфлуенсери, а и други помалку или повеќе познати личности меѓу кои и музички артисти, со тоа што на неа објавуваат експлицитна содржина со нивни голи фотографии. За истите некој да ги види треба да се претплати на нивниот профил, со тоа што ќе плати онолку, колку што одлучил услугата да чини, самиот сопственик на профилот.
Дијана ОГ или Дијана Дурлевиќ како што и е вистинското име на некогашната македонска писателка и поетеса која со своите дела не привлекла млади читатели, па стиховите ги преточила во рап музика под псецдонимот Dijana OG. Она што ги привлекло младите се и вулгаризмите во песните и експлицитната гестикулација во спотовите, одлика на многу светски и регионални рапери.
Раперите „немаат проблем со тоа“, па по нивниот пример и на многу млади тоа им станува нормален начин на изразување, иако стручњаците предупредуваат дека иако слободата на говор е многу важна, сепак има „црвена линија“ после која е време да се вклучи алармот за тревога!
Но, очигледно „она што може да се слушне со уши“ не е доволно возбудливо колку она „што може да се види со очи“, а од него веројатно и заработката е многу поголема и поисплатлива, па можеби токму затоа Дијана ОГ се решила доплнително да ја зголелеми и збогати својата понуда, со сопствена „Онли фанс“ страница!
Веќе пишувавме за првата Македонка, Теодора Мартиноска која таква страница за возрасни веќе има, па токму таа ја промовираше и поздрави проширувањето на понудата со уште една, овој пат наша позната девојка, рекламирајќи ја „Онли Фанс“ страницата на младата (т)раперка во приказните на својот Инстаграм!
Што се’ нуди литературното творештво и рап поезијата на Дијана ОГ оддамна е познато…
За разлика од она што може да се види и доживее како возбуда, страст, емоционално задоволство или стимулација на сетилата при посетата на нејзината „Онли фанс“ страница, за чие отворање на „волшебната порта“, треба да се плати!
Месечно, квартално или годишно – сеедно, во зависност одтоа колку ви е длабок џебот, љубопитноста голема, а фантазијата скокотлива!
Со што се’ таму Дијана ОГ ќе ве пречека – во некоја следна прилика! Дотогаш, уживајте во нејзината поезија и музика…
Освен, ако не сте од оние што не штедат за да им проработи „шестото сетило“… Во спротивно, претходно кажаното заборавете го, како да… „Не ни било“!