На историскиот успех на македонската фудбалска репрезентација не можеме да му се изнарадуваме… сите! Нема кој не е среќен, воодушевен, фасциниран од сефте пласманот на момчињата од фудбалската А селекција на претстојното ЕУРО 2021. И старо и младо и машко и женско и не само Македоци, туку и сите други националности, зашто репрезентацијата е впрочем надобриот показател како единството од различни националности кои го носат дресот со државниот грб збрани на едно место, може да не одведе до успех за каков што генерации пред тоа само сонуваа.
Затоа и се радуваме сите… И обичните луѓе, граѓани,и познатите и славни, јавни личности, меѓу кои и естрадните… Музичките ѕвезди можеби најмногу знаат што значи да постигнеш успех, да ти аплаудираат на отворена сцена, да добиваш стоечки овации, да те сакаат и обожуваат, да ти се воодушевува целата нација…
Затоа и многумина од нив побрзаа да го споделат меѓу првите успехот на нашите фудбалери и радоста што ни ја приредија. А, како поинаку и најдобро, ако не преку социјалните мрежи?!
Меѓу сите ѕвезди и тој, младата македонска „Ѕвезда на Гранд“, пејачот и музичар Стефан Величковски кој далеку дотурка во најпознатото регионално натпреварување на музички таленти, па чувството и вкусот на успехот не му е стран. Но исто така не му е непознат и напорот, одрекувањата, жртвите и количеството на вложен труд кој се потребни да се стигне високо по „трнливиот пат“ на успехот.
Затоа Стефан му се израдува на успехот на нашите фудбалери споделувајќи на својот Фејсбук профил неколку објави.
„Здраво Европо, здраво Букурешт“ – напиша најпрво алудирајќи на пласманот на ЕУРО 2021 и еден од градовите каде ќе игра нашата фудбалска репрезентација на првенството, како и:
„Што убаво лето не чека, мммм…“ – зашто ЕУРО 2021 ќе се игра на почетокот на идното лето, во јуни 2021-вата.
И конечно она што многумина исто така го споделија на своите профили на социјалните мрежи, заедничка фотографија со некоја од македонските фудбалски ѕвезди.
„Големиот Пандев“ – напишал Стефан во описот на фотографијата, откако патриотизмот го пуштил на најјако и направил вистински гест, на вистинското место, арно ама… со „погрешен“ човек!
Зашто младата „Гранд ѕвезда“ напишала Гранде Пандев, а на фотографијата е сликан со исто така големиот Кире Лазаров! Од преголема возбуда и брзање или од пусто незнаење, само Стефан знае?!
Како што сите ние знаеме дека Кире никако не е „погрешен човек“ и е исто толку голем колку и Пандев, туку пејачот само го ставил во „погрешна конотација“ со настанот!
Ако му е некаква утеха на Стефан, тој не бил единствениот…
А за мајтапот што му го приредија пријателите на пејачот… и да не говориме. Еве само, колку за пример:
Се разбира, со сиот респект и почит од наша страна кон обете политички личности… И оној споменатиот по презиме и оној, неодамна починатиот, десно на фотографијата.
А Стефан Величковски? Сепак, ќе да е многу поголем познавач на музиката, отколку на спортот! Овде е секако сликан со Вики Миљковиќ!