Мегафон

И кумановците „Ки“ на „Друм Дум Фест 2018“ во Србија

И кумановците „Ки“ на „Друм Дум Фест 2018“ во Србија

Покрај виртуозите Влатко Стефановски, Џоле Максимовски и Дино Милосављевиќ, кои се главни ѕвезди на  Drum Dum Fest 2018 во Лесковац, свој настап на ова осмо издание на српскиот фестивал ќе има и кумановскиот бенд „Ки“сето тоа во рамките на тековната летна турнеја низ регионот. Електро-поп екипата ќе настапи на „ДДФ 2018“ откако минатата година победи на Гитаријадата во Заечар по што следеше и триумф на музичкиот фестивал во Ровињ – Хрватска.

На низата успеси неодамна го додадоа и освоеното прво место на фестивалот „Омладина“ во Суботица, а во текот на летово ги очекуваат и настапи на „Бедем-фест“ во Никшиќ и „Гитаријадата“ во Заечар, како и на македонските „Д фестивал“ во Дојран, „Ентер-фест“ во Скопје и „Вистинскиот звук на Каменица“. Кумановците зад себе ги имаат и сингловите: Град, Кристален круг и Буда , а го подготвуваат и својот прв албум.

To top