Радио Милева
во неизвесност...

И кондициониот тренер на Ѓоковиќ позитивен, резултатите на Ноле се’ уште се чекаат?

И кондициониот тренер на Ѓоковиќ позитивен, резултатите на Ноле се’ уште се чекаат?

Новак Ѓоковиќ требаше да го одигра последниот натпревар на тенискиот турнир  „Адрија тур“против Русинот Андриј Рублев во Задар во неделата, сепак, по веста дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е заразен со коранавирусот, организаторите на тој турнир мораа да го откажат финалниот дуел! 

Веднаш по откажувањето на натпреварот, тенисерите кои учествуваа натурнирот биле итно тестирани, додека Ноле од друга страна не сакал да се реши на таков чекор.

Сепак, по информациите дека фитнес тренерот на Новак Ѓоковиќ, извесен Марко Паники, е позитивен на Ковид 19, очигледно влијаеше на светскиот тенисер да се реши на таков чекор и да биде тестиран во главниот град на Србија.

Резултатите од корона тестот на Ѓоковиќ се’ уште се чекаат и најверојатно ќе бидат познати во тек на денот!

Фото: Инстагрампринтскрин/Дјокерноле

Останати вести од Радио Милева