Македонската фолк ѕвезда Елена Велевска замина на неколку дена заслужен одмор. Морето е вистинскиот избор, а јужниот сосед беше вистинската дестинација за пејачката. Малку Паралија, малку Литохоро, Елена ужуваше во одморо(т)… На плажа, на лежалка, на шанк или крај базен, таа различно го трошеше времето секој нов ден.
А кога Елена ќе се појавеше во бикини, ги мултиплицираше летните жештини… Со тело на риба и чекор на мачка, македонската пејачка ги засени и Гркинките и странкињите на една од најпознатите плажи, „Ле Мун“, каде навистина има што да се види зашто таму доаѓа одбран свет.
Згодна, раскошна секси, со заносни облини, Велевска му ги сервираша сите свои телесни атрибути на фотообјективот, кој вредно го бележеше секој нејзин потег, секое нејзино движење, секоја нова поза…
А, постираните фотографии кои преку нејзините профили осамнаа на социјалните мрежи, нејзините обожаватели и следбеници ги опсипаа со редица комплименти, па ја пофалија Елена во сите сегменти!
Од срциња и епитети од типот: „Па, Боже мој, каква е оваа убавина… Македонија е прекрасна земја“, преку: „Фантастична“, „Магична“, „Убавица“, „Прекрасна дама“…
…До оние испратени од нашиот источен сосед – Бугарија, каде нашата фолкерка очигледно станува се’ попопуларна: „Страхотна, Уникална, Невероятна, Прекрасна,Чудесна и сексапилна, Секси красавицата, Жена танцьорка… Моят любим певицата Елена Велевска, Секси бебе…“
На езеро, на море, крај базен, на суво или во вода, Елена Велевска е дефинитивно риба и пол во секоја пригода!