Деталот на последната објава на Инстаграм на Џенифер Лопез, не остана незабележан од нејзиниот огромен број следбеници.
Пејачката објави фотографија на која ужива на плажа во едноделен костим за капење, со своето момче, но романтичната сцена беше крунисана со прстенот на левата рака.
„Дали тоа е веренички прстен?“, „Се веривте?!“, се само дел од многубројните коментари на возбудените следбеници кои засега се убедени дека Џеј Ло и Алекс се верени. А во прилог на гласините оди и нејзината најнова песна со наслов „El Anillo“, што во превод значи „Прстен“, кој што многу нејзини следбеници го спомнаа во коментарите.
Но, додека ниеден од нив не ја потврди веридбата, сè се сведува само на гласини. А деталот поради кој ние се сомневаме во веродостојноста на гласините е недостатокот на дијамант на нејзиниот наводно веренички прстен. Но, кој би знаел, можеби Џеј Ло овој пат сакала нешто поедноставно, што нема да ја потсетува на нејзините два претходни веренички прстени, кои ги доби од Бен Афлек и Марк Ентони, бидејќи двата прстена имаа голем дијамант.