Голем број од познатите примија вакцина против коронавирус, а користејќи ја својата јавна професија, тие апелираат до сите да се вакцинираат и ова лоша болест да заврши што побрзо, па да се вратиме во нормала.
Позната ѕвезда Џенифер Анистон на социјалните мрежи се пофали дека и таа примила вакцина.
„Се вакцинирав и чувството навистина е добро. Екстремно сме среќни и привилигирани што имаме вакцини во САД, но тоа не е случај секаде во светот, а како што знам, од здравјето на еден човек, зависи здравјето на сите нас. Мислам на оние кои немаат прилика да се вакцинираат, да ги прегрнат своите пријатели и членови на семејството“, напиша актерката покрај фотографијата која ја објави на социјалните мрежи.
Публиката ја поддржа и доби речиси 3 000 000 лајкови и 15 000 коментари.